Повеќе од две децении сме со Вас во делот на безбедноста, компјутерската и мобилната технологија, со монтажа и сопствен сервис, а нашите кадри се стручни и професионални лица кои поседувaат сертификати за врвно познавање на сите наши производи. Нашите услуги кои се поврзани со продажба и монтажа се секогаш координирани со изработката на пред-план за поставување и монтирање на нашите системи. Тука спаѓа и контролата по одреден период (како што налага спецификацијата), и проверка на опремата од реномирани произведувачи на високо-технолошки производи.
Во ИНТЕГРА СИСТЕМИ може да добиете различни решенија соодветно на вашите потреби.
Во нашите понуди за видео надзор располагаме со палета на најразлични светски познати произведувачи на камери. Според спeцификата на теренот и просторот за видео надзор, ние ќе ви понудиме најоптимално решение со кое ќе имате и најквалитетен видео надзор за денско и ноќно набљудување.
Решенијата ги димензионираме за да може во догледно време да ги зголемите капацитетите без никаков додатен трошок, туку само со купување на нова камера.
Нудиме одлични решенија и за потребите каде има голем број на станови т.е. станари, но и голема фреквенција на посетители. Ние имаме посебно решение за ваква проблематика и сме од ретките кои можат да изведат такво комплексно решение (од план до реализација) во делот на станбеното домување.
Специфично за нашето идејно решение е тоа што им се овозможува на станарите да поседуваат дигитализиран клуч со специјален вграден дигитален енкриптиран код.
Нудиме сопствена монтажа на сите наши производи и интегрални системи кои ги продаваме.
По договор, во согласност со нашето флексибилно работење и со предходен договор и точно време ќе Ви монтираме комплетно решение за секаков објект или простор, без никакви ограничувања во делот на спецификацијата на монтажа.
Нашата строга принципиелност за „брзо и ефикасно“ налага клиентите секогаш да бидат услужени без поголемо одложување, па затоа дејствуваме и со теренска продажба. Поседуваме специјализирано возило и сме единствени во пошироката околина со таква можност.
Пред сѐ, тимот кој е задолжен за возилото има долгогодишно искуство, па целиот тој проект се изведе под нивен надзор и со нивна замисла и сугестија. Нашето теренско возило е прилагодено и моделирано за навременост, брзи интервенции, замена и корекција „веднаш и тука“, така што само за неколку минути, ИНТЕГРА СИСТЕМИ може да Ви бидат на располагање.