Нудиме одлични решенија и за потребите каде има голем број на станови т.е. станари, но и голема фреквенција на посетители. Ние имаме посебно решение за ваква проблематика и сме од ретките кои можат да изведат такво комплексно решение (од план до реализација) во делот на станбеното домување.
Специфично за нашето идејно решение е тоа што им се овозможува на станарите да поседуваат дигитализиран клуч со специјален вграден дигитален енкриптиран код.
Решението што неодамна го презентиравме беше поздравено од академската јавност, при што добивме насоки и сугестии како да го приспособиме на различните нивоа што ги диктираат образовните потреби на основите и средните училишта, како и на високообразовните академски установи и научни институти.
Нашите решенија нудат повеќејазична подршка и овозможуваат едноставно прилагодување на наставните програми во зависнот од типот и начинот на презентирање на материјалот, како и самата интеракција со слушателите, учениците и студентите.
Со цел зголемување на своите капацитети, многу правни субјекти (и физички лица) ни ја доверија својата доверба во делот на креирањето бази на податоци - предизвик со кој што најуспешно се соочивме и го решаваме во нај краток рок.
Серверските системи може да се спроведат со бакарни жици или со оптички кабел, зависно од потребата и конфигурацијата на серверските системи..
Нашата мултидисциплинарна активност што се должи на стручноста на нашите вработени ни помогна да се справиме и со најголемите предизвици.
Показател за тоа е успехот во изведбата на т.н. команден систем кој се поставува во правен субјект, кој во целост ја оправдува својата намена и говори за нашиот придонес кон исполнувањето на Вашите потреби.