Повеќе од две децении сме со Вас во делот на безбедноста, компјутерската и мобилната технологија, со монтажа и
сопствен сервис, а нашите кадри се стручни и професионални лица кои поседувaат сертификати за врвно познавање
на сите наши производи.
Нашите услуги кои се поврзани со продажба и монтажа се секогаш координирани со изработката на пред-план за
поставување и монтирање на нашите системи. Тука спаѓа и контролата по одреден период (како што налага
спецификацијата), и проверка на опремата од реномирани произведувачи на високо-технолошки производи.
Во ИНТЕГРА СИСТЕМИ може да добиете различни решенија соодветно на вашите потреби.
Визијата која ја имавме пред цели две децении, од нашите почетоци во 2004 година, е да прераснеме во водечко претпријатие во областа на IT технологијата и безбедноста. Сметаме дека нашата визија е достигната, но не застануваме на тоа!
Наша постојана цел е да ги достигнеме високите светски стандарди во нашето поле на деловна активност, и да го внесеме и примениме секој најнов напредок во технологијата на нашиот пазар, за нашите корисници. Ја следиме динамиката и побарувањата на купувачите за да им понудиме што посовремени и поефикасни решенија што ќе им го олеснат и поедностават секојдневниот живот.
Контунирана работа и усовршувањ на предпријатието и врботените е еден од главните приоритети кај нас.
Нашиот квалитет е секогаш закитен со разни благодарници, потврди и сертификати.
Секоја награда или признание ни причинува голема гордост, но ни наметнува и одговорност која ја докажуваме преку бројот на задоволни клиенти.